ФОТО | Бил Мареј си фати 30 години помлада девојка

Холивудската ѕвезда Бил Мареј, наводно е во романтична врска со 30 години помладата пејачка Келис, пишува „Сан“.
Гласините за новата љубов започнаа, откако актерот бил забележан на настапот на Келис, на фестивалот „Mighty Hoopla“ во Лондон.

Извори блиски до парот, за „Сан“, потврдиле дека Мареј и Келис престојувале во истиот хотел, во Лондон и дека се дружат веќе подолго време.
Тие, наводно се зближиле споделувајќи ја тагата, по смртта на вториот сопруг на Келис, кој почина минатата година на само 37 години од рак на желудникот и смртта на Џенифер Батлер, поранешната сопруга на Бил Мареј.
„Двајцата делат слична тага. По смртта на нивните партнери ја имаат таа заедничка врска меѓу нив. Што и да е тоа што ги спои, и колку и да изгледа малку веројатно, тие двајца се слободни и затоа се забавуваат и покрај прилично големата разлика во годините“, изјавил близок пријател за „Сан“.