Помпеја, Италија / Фото: Pexels / Alberto Capparelli

ФОТО | Археолозите во Помпеја со помош на вештачка интелигенција го реконструираа изгледот на жртва од ерупцијата на Везув

Археолозите во Помпеја за првпат искористија вештачка интелигенција за да го реконструираат изгледот на една од жртвите од катастрофалната ерупција на Везув во 79 година.

Реконструкцијата, објавена од Археолошкиот парк Помпеја, прикажува возрасен маж кој се обидува да се заштити, додека зад него се издига разгорениот вулкан.

Фото: Инстаграм/Археолошкиот парк Помпеја

Станува збор за остатоци од човек пронајдени во близина на една од јужните порти на градот. До него биле откриени теракотен сад, за кој се претпоставува дека го користел како заштита, како и ламба и десет бронзени монети.

Археолозите сметаат дека мажот загинал од дожд од вулкански камења во раните утрински часови на вториот ден од ерупцијата, додека се обидувал да избега кон морето.

Фото: Инстаграм/Археолошкиот парк Помпеја

Директорот на археолошкиот парк, Габриел Цухтригел, истакна дека вештачката интелигенција, доколку се користи правилно, може значително да придонесе за подобро разбирање и визуелизација на античкиот свет.

Некогашниот просперитетен град Помпеја, лоциран околу 25 километри југоисточно од Неапол, бил затрупан под слоеви пепел при ерупцијата, што овозможило извонредно зачувување на објекти, предмети и секојдневниот живот од тоа време.

Денес, Помпеја е едно од најзначајните археолошки наоѓалишта во светот и една од најпосетуваните туристички дестинации во Италија, со милиони посетители годишно.

ФОТО | Уникатна изложба на гипсени калапи во Помпеја ги прикажува последните моменти на жртвите од ерупцијата на Везув

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот