ФОТО | Анџелина Џоли има нова тетоважа: Актерката го украси телото со позната изрека од Галилео Галилеј
Анџелина Џоли гордо ја „прошета“ својата нова тетоважа. Иако може да се пофали со голем број тетоважи кои го красат нејзиното тело, планетарно популарната актерка се одлучила за уште една а тоа е, ни помалку ни повеќе, изрека од научникот Галилео Галилеј – „Сепак се врти“, напишано на италијански јазик – „Eppur si muove“.
Покрај бројните тетоважи на грбот и рацете, новата тетоважа ја сместила на подлактицата, а американските папараци веднаш ја забележаа додека Џоли заминуваше од ресторан во Њујорк.
View this post on Instagram
Познатиот цитат датира од 1633 година, кога астрономот, математичар и физичар Галилео бил принуден да се одрекне од изјавата дека Земјата се движи околу Сонцето. Фразата „Сепак се врти“ му послужила како пркосно тврдење дека вистината, еден ден, ќе излезе на виделина.
Секоја тетоважа на телото на Анџелина има посебно значење, па американските медиуми брзо пронајдоа врска и симболика помеѓу оваа тетоважа и моменталната ситуација во која се наоѓа актерката.
Имено, Џоли е во спор околу старателството над децата, со нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит, а актерката инсистира на тоа дека грижата за децата ѝ припаѓа само нејзе. Како и во случајот со Галилео, за да се случи тоа – „вистината мора да излезе на виделина“.
Покрај оваа, Анџелина Џоли има уште најмалку седум тетоважи и тоа – готски букви што значат „Знајте ги своите права“. Станува збор за песна од бендот „The Clash“.
Друга нејзина тетоважа се координати на локации каде што се родени нејзините деца, како и на оние каде што е роден Бред Пит. Џоли му посвети тетоважа – будистичка молитва – на нејзиниот син Медокс, кој беше посвоен од Камбоџа во 2003 година.
Нејзиното тело го карасат и древни будистички мантри кои наводно носат среќа и богатство. Анџелина има тетоважа – приказ на 4 континенти и 4 елементи – земја, вода, ветер и оган.
Анџелина Џоли направи тетовааТекст на арапски јазик што значи „определување“. Таа ја покри тетоважата што ја направи со нејзиниот поранешен сопруг Били Боб Тортон.