Алиса Милано се прости од Ерик Дејн: „Не можам да ја оттурнам од мислите неговата искра во очите“
Американската актерка Алиса Милано со емотивна порака на Инстаграм се прости од својот колега Ерик Дејн, кој почина вчера на 53-годишна возраст. Дејн ја загуби битката со амиотрофичната латерална склероза, тешка невродегенеративна болест која му беше дијагностицирана пред нешто помалку од една година.
Препорачано
Во својата објава, Милано се присети на неговата препознатлива искра во очите, остриот хумор и способноста со една реченица да насмее или да натера некого длабоко да се преиспита.
„Не можам да ја оттурнам од мислите таа искра во очите на Ерик, непосредно пред да каже нешто поради што или ќе ти излета пијалакот од уста од смеа, или ќе ти се преврти целата перспектива. Имаше брилијантно остар хумор. Ја обожаваше апсурдноста на нештата. Уживаше да ги фаќа луѓето неподготвени“, се присети актерката.
Посебно место во нејзината порака имаа неговите ќерки и сопругата Ребека, за кои, како што истакна, „сè во него омекнуваше“.
„А кога стануваше збор за неговите ќерки и за Ребека, сè во него омекнуваше. Ги носеше со себе дури и во простории каде што тие физички не беа присутни. Тоа се чувствуваше во начинот на кој му се менуваше гласот кога ќе ги изговореше нивните имиња. Семејство од кое застанува здивот“, сподели таа.
Таа сподели и лични спомени – дека токму тој ја охрабрил да направи пикси-фризура и пирсинг на носот, како и дека бил покрај неа кога ја пронашле нејзината сакана спасена чивава Луси.
„Моето срце е со луѓето кои имаа среќа да му бидат дом“, напиша Милано, испраќајќи поддршка до неговото најблиско семејство.
Да потсетиме, Дејн и Милано беа партнери на малите екрани во серијата „Волшебнички“ (Charmed), каде што во петтата и шестата сезона глумеа љубовен пар.
Дејн го толкуваше ликот на Џејсон Дин, смртен и успешен бизнисмен, кого Фиби (ликот на Милано) го запознава онлајн. Нивната врска се развива низ серијата, но завршува откако тој дознава дека таа е вештерка.
Нивната хемија не остана само на екранот. Во тој период, Милано и Дејн беа во врска и во приватниот живот, што дополнително го зголеми интересот на публиката за нивната приказна.
Ерик Дејн по страшната дијагноза има потреба од постојана нега: Неговата сопруга ги откри деталите


