Фото: Сите за Палестина / Инстаграм

ФОТО: Игралиштето во Аеродром платено од Израел доби ново, „поправено“ име

„Игралиштето на пропагандата сега стои поправено!“, објавија активисти од движењето „Сите за Палестина“, кои објавија фотографија од новите натписи на игралиштето кое пред нешто повеќе од еден месец беше реновирано со пари од Израелската амбасада. На игралиштето сега се истакнати натписите на англиски, македонски и албански јазик, на кои пишува „игралиште ‘Газа’“.

Од „Сите за Палестина велат дека тие само ја пренесуваат фотографијата, а новите натписи ги ставиле „солидарни граѓани“.

„На 7 ноември голема делегација на Израел, заедно со вазалите Тимчо Муцунски и Дејан Митевски, на веќе постоечко игралиште изградија ново, и со тоа ја искористија можноста да ја зајакнат израелската воена пропаганда. Вчера Израел го прекрши таканаречениот „договор на мир“ преку 730 пати, а во Газа се убиени веќе преку 20,000 деца. Децата во Газа живеат во глад и беда, а има статистики на Светската здравствена организација што тврдат дека секое трето дете живее со ампутација на екстремитет“, пишуваат од „Сите за Палестина“ во објава на социјалните мрежи.

„Храбри другари и другарки овие денови ги смениле таблите на пропагандата и во Аеродром сега игралиштето ја прикажува вистината. Сите ние имаме должност гласно да потсетиме дека секоја окупација, секое системско уништување на народ и секое оправдување на воената машина е директен удар врз човечкото достоинство. Затоа е важно да се спротивставуваме на секоја форма на дехуманизација, да ја разобличуваме машинеријата што произведува насилство, и да одбиеме да прифатиме свет во кој геноцидот се оправдува со политички интереси“, велат тие во објавата.

Игралиштето го отворија министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, амбасадорката на Израел, Вивиен Ајзен, и градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески, а во соопштението од МНР беше наведено дека тоа ќе биде „место за радост и смеа на децата“.

„Место на радост и смеа за децата“: Муцунски отвори игралиште-донација од Израел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот