„Место на радост и смеа за децата“: Муцунски отвори игралиште, донација од Израел
Скопската општина Аеродром доби донација од Израел – ново детско игралиште, по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Израел. Игралиштето го отворија министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, амбасадорката на Израел, Вивиен Ајзен, и градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески.
Препорачано
„Упатив искрена благодарност до Владата и народот на Израел за континуираната поддршка и солидарност. Во изминатите три децении изградивме пријателски и динамични односи, засновани на заемно разбирање, почитување и поддршка, со соработка во бројни области“, порача Муцунски.
„Овој проект е симбол на пријателство, доверба и меѓусебно почитување. Место на радост и смеа за децата, но и потсетник дека вистинските мостови меѓу народите се градат преку соработка, разбирање и искрени човечки вредности“, додаде министерот.
Кај дел од корисниците на социјалните мрежи денешниот настан предизвика коментари дека Израел и деца не се најдобрата асоцијација поради тоа што во агресијата врз палестинската област Газа, оваа држава за две години уби околу 20.000 деца.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
13мин
-
27мин
-
46мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


