Денеска како што официјално информира есенскиот шампион во Првата лига сезонава, албанскиот интернационалец Валон Ахмеди не е повеќе член на Шкендија.
Тетовските „црвено-црни“ му се заблагодаруваат на 26-годишниот играч за врска во нападот кој одлучи да ја продолжи кариерата во Белорусија.
Поточно, Ахмеди ќе ги брани боите на Шахтер Солигорск, актуелниот шампион на таа земја.
Во кариерата пред да се пресели во Шкендија, настапуваше за Судтирол, Целје, Марибор, Ирони Кирјат Шмона и Интер Запрешиќ.
Има два настапи за најдобрата фудбалска репрезентација на Албанија.
View this post on Instagram