Фото: Xavier Collin/Image Press Agency, Image Press Agency / Alamy / Profimedia

ФОТО | Адам Левин изгледа непрепознатливо, обожавателите со реакции: „Дали направил некаков естетски зафат?“

Како што често се случува во светот на славните, и најмалите промени во изгледот веднаш стануваат тема на коментари – било да се работи за пофалби или критики. Така беше и оваа недела, кога фронтменот на музичката група „Марун 5“, Адам Левин, се појави на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Брејктру прајз“ во Санта Моника и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

Имено, 47-годишниот пејач се појави со нов имиџ, придружуван од својата сопруга Бехати Принслу. Многумина веднаш забележаа дека изгледа речиси непрепознатливо, овојпат без својата препознатлива брада, со целосно избричено лице.

Адам Левин / Фото: Xavier Collin/Image Press Agency, Image Press Agency / Alamy / Profimedia

Левин носеше црно одело во комбинација со сина кошула и елегантни чевли, додека Принслу блескаше во сив фустан со волани. Иако парот изгледаше складно и опуштено пред камерите, вниманието сепак беше насочено кон неговата трансформација.

На социјалните мрежи следеа бројни реакции. Дел од корисниците беа изненадени: „Што му се случило?“, „Изгледа многу постаро“, „Дали направил нешто на лицето?“, беа само дел од коментарите. Други, пак, застанаа во негова одбрана, потенцирајќи дека станува збор за природен процес на стареење.

Фото: Image Press Agency / Sipa USA / Profimedia

Освен за изгледот, дел од јавноста повторно се наврати и на неговото минато. Потсетување на скандалот од пред неколку години, кога инфлуенсерката Самнер Строу тврдеше дека имала врска со него, повторно се појави во коментарите.

Левин тогаш ги негираше наводите за афера, но призна дека „ја преминал границата“ со несоодветна комуникација, нарекувајќи го тоа „најголема грешка“ во својот живот. Нагласи дека неговото семејство му е најважно и дека ќе направи сè за да ја задржи стабилноста во бракот.

И покрај турбуленциите, Левин и Принслу денес делуваат стабилно како пар, појавувајќи се заедно на јавни настани и оставајќи впечаток на хармоничен однос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот