Приврзаници на Александар Вучиќ од Македонија на пат кон Белград / Фото: Радио Лидер

ФОТО: 11 автобуси со луѓе од Македонија тргнаа за Белград, ќе го поддржуваат Вучиќ

11 автобуси од Македонија со околу 600 луѓе, утрово тргнале од Скопје кон Белград, каде ќе му изразуваат поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ, на контрапротестот под мотото „Не ја даваме Србија“, објави „А1он“.

Приврзаници на Александар Вучиќ од Македонија на пат кон Белград / Фото: А1он

Нема информација за тоа кој го организира патувањето на фановите на Вучиќ во Белград.

Фото: А1он

Централниот настан од тридневниот собир на приврзаниците на српската власт е закажан за вечерва во 19 часот пред Српскиот парламент.

Собирот се одржува по шестмесечни протести на српските студенти и блокади на универзитетите, кои прераснаа во масовен израз на народно незадоволство од владеењето на Вучиќ и неговата Српска напредна партија. Студентите бараат да се утврди одговорноста на властите за смртта на 16 луѓе при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот