Фондацијата „Македонија“ на милионерот Врабевски ги повикува „сите Бугари во Скопје“ да дојдат на чествувањето на Делчев

Фото: Фејсбук

Бугарската фондација „Македонија“ преку објава на Фејсбук ги повика „сите Бугари во Скопје, посебно младите“ да присуствуваат на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев што ќе се одржи в сабота во црквата Свети Спас.

„Апел до сите Бугари во Скопје, особено до младите: дојдете во сабота на гробот на Гоце заедно да му оддадеме чест во 11:30 часот на паркингот на Калето. Досега над 40 Бугари од Скопје и Северна Македонија ни потврдија дека ќе дојдат. Досега над 40 Бугари од Скопје и Северна Македонија потврдија дека ќе дојдат. На гробот на Гоце за безбедноста ќе се грижат бугарски и македонски полицајци“, се вели во објавата.

Претходно министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека нема потреба од помош од бугарските колеги, иако Главниот комесар на бугарското Министерство за внатрешни работи, Станимир Станев, понуди да се обезбеди помош во полицајци ако има такво барање од македонското МВР.

„Нема потреба од тоа. Македонската полиција има капацитети кои што гарантираат стабилност и безбедност и е подготвена во целост не само за овој туку и за кој било настан и пригода да го сочува мирот и стабилноста на државата и граѓањите. Тоа е врвен пориоритет. Нема поединец, група или партија која може да биде посилна од државата и треба да ни биде јасно на сите. Второ, има одбор кој се грижи за организацијата сите делегации кои сакаат да положат цвеќе се најавуваат, редот ќе се воведува врз онова на план од македонската полиција и нема да имаме никаков проблем, рече Спасовски повторувајќи го уште еднаш апелот за мирно и достоиинствено чествување на настанот“, рече денеска Спасовски во гостување на МРТ.

Во пресрет на чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев, од денеска до сабота во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот