Фон дер Лајен: Прекинот на огнот во Либија е првиот чекор во вистинска насока

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Таа порача дека Обединетите нации мораат да го предводат процесот на обнова на оваа земја.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска го поздрави прекинот на огнот во Либија, што го иницираа Русија и Турција.

Таа порача дека Обединетите нации мораат да го предводат процесот на обнова на оваа земја.

-Прекинот на огнот е првиот чекор во вистински правец, но неопходен е и процес на консолидација заради обновата и единството на владата. Уште долг пат треба да се изоди. Тоа мора да биде процес што ќе го предводат ОН – рече Фон дер Лајен.

На средба со новинарите по разговорот со премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел, таа нагласи дека тоа е од „пресудна важност“.

Претставниците на завојуваните страни во Либија денеска се среќаваат во Москва, каде треба да го потпишат примирјето под покровителство на руски и турски претставници, соопшти руското МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот