Урсула фон дер Лајен / Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET /

Фон дер Лајен: Европа конечно се разбуди

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави во вторникот дека одбранбениот сектор на Европа е фундаментално трансформиран како резултат на војната на Русија против Украина.

Зборувајќи пред дводневниот самит на НАТО во Хаг, таа нагласи дека континентот доживува „тектонско поместување на генерација“ во безбедноста.

Таа истакна дека безбедносната архитектура на која Европа се темели со децении повеќе не може да се зема здраво за готово.

Претседателката на ЕУ ги пофали неодамнешните иницијативи на Европа во областа на иновациите и финансирањето на одбраната, велејќи дека тоа се акции што до неодамна би се сметале за незамисливи. Таа додаде дека се очекува утрешниот самит да одобри нови историски цели за трошоци за одбрана за членките на НАТО.

„Одбранбената Европа конечно се разбуди. Утрешниот самит ќе постави нови, историски цели за трошоците за одбрана на членките на НАТО“, нагласи Фон дер Лајен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот