„Фокс њуз“ го избрка својот најпопуларен водител, десничарската ѕвезда Такер Карлсон

Такер Карлсон / Фото Јутуб

Американската телевизиска мрежа „Фокс њуз“ соопшти дека му го прекинала договорот на десничарскиот новинар Такер Карлсон, кој беше водител на многу гледаната програма „20 часот“.

Објавата доаѓа една недела откако „Фокс њуз“ се спогоди да исплати 787 милиони долари на компанијата за машини за гласање „Доминион системс“ со поради ширење на лаги за време на минатите претседателски избори од страна на мрежата, пренесе „Асошиејтед прес“.

Телевизијата соопшти дека последното шоу на Карлсон било во петокот, на 21 април. Тој беше клучната фигура во џиновската тужба за клевета на „Доминион системс“ против „Фокс њуз“. Новинарот беше еден од првите сведоци на „Доминион“ на судењето, и неговите приватни СМС пораки, кои станаа јавни како дел од тужбата, одекнаа низ целата земја.

Судењето откри дека Карлсон приватно имал сосема поинакви ставови од наративите кои ги форсираше како новинар и како јавна личност воопшто во етерот.

„Доминион“ стигна до групен разговор на водителот со колегите од ударните ѕвезди на „Фокс“ – Шон Хенити и Лора Инграм, и низа други пораки околу претседателските избори во 2020 година.

Овие комуникации открија дека Карлсон им рекол на доверливите луѓе дека „страсно“ го мрази поранешниот претседател Доналд Трамп и дека мандатот на Трамп во Белата куќа е „катастрофа“. Тој, исто така, користел мизогини термини за да ја критикува адвокатката Сидни Пауел за тоа што го поддржува Трамп и да ги отфрли нејзините заговори за изборите во 2020 година – дури и кога тие „диви“ теории добиваа внимание и време во емисиите на „Фокс“.

Заминувањето на Карлсон од „Фокс њуз“ доаѓа и откако мрежата претходно ги прекина врските со десничарскиот „фрлач на бомби“ Ден Боњино, кој беше редовен гостин на програмата на телевизијата, покрај тоа што беше водител на викенд-емисија.

Нови детали за отпуштањето на Такер Карлсон од Фокс Њуз

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот