Нови детали за отпуштањето на Такер Карлсон од „Фокс Њуз“

Телевизијата „Фокс њуз“ синоќа го отпушти Такер Карлсон, својот најпопуларен водител, откако се дозна дека тој испраќал навредливи пораки за раководители и колеги, откриени во текот на правната борба на телевизијата со компанијата за гласачки машини „Доминион“, која го тужеше „Фокс“ за клевети и доби над 780 милиони долари во спогодба со телевизиската мрежа.

Карлсон работеше во „Фокс њуз“ повеќе од десет години. Весникот „Волстрит журнал“ дознава дека неговиот договор со телевизијата, кој беше обновен во 2021 година, предвидувал годишна плата од 20 милиони долари.

Во текот на годините, посебно по доаѓањето на Доналд Трамп на власт, Карлсон стана еден од водечките конзервативни гласноговорници во САД. Кај него пристап бараа познати републикански конгресмени и политичари, па неговото отпуштање е голем скандал за републиканскиот естабилишмент.

Се дознава дека барањето тој да замине дошло директно од првиот човек на „Фокс корп“, Рупер Мардок, австралиско-американски медиумски магнат, сопственик и на весниците „Волстрит журнал“ и „Тајмс“ од Лондон.

Според „Лос Анџелес тајмс“, Мардок реагирал на судските тужби против водителот и други раководители поднесени од поранешна продуцентка поради сексистички навреди и омаловажување на работното место. Мардок наводно не бил задоволен и од продолжителните коментари на Карлсон за оправдување и релативизација на нападите на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.

Од своето студио во Флорида, Карлсон постојано промовораше теории на заговор и во ектремистички манир апелираше кон радикалната десница. Повикот на поранешниот претседател Трамп дека гласањето на претседателските избори во 2020 година било фалсификувано беше главна тема на неговите вечерни емисии во ударниот вечерен термин во изминатите две години. Во повеќе наврати, Карлсон тврдеше дека софтверот на гласачките машини на „Доминион“ бил манипулиран. Оваа лага го чинеше „Фокс њуз“ 780 милиони долари.

Други теории на заговор промовирани од Карлсон се дека упадот во Капитол на 6 јануари убил организиран од Федералното биро за истраги (ФБИ); вакцинацијата против Ковид-19 е нарушување на слободата и штетна по здравјето; промоција на белиот супрематизам (теорија за надмоќност на белата раса).Тој ја релативизираше и агресијата на рускиот претседател Владимир Путин во Украина и беше за намалување на американската воена помош за Киев.

Од пораките што тој ги испраќал до колеги се дозна и дека Карлсон напишал „го мразам Трамп“, и дека се жалел на колеги и раководители.

„Фокс њуз“ не соопшти официјална причина за разделбата со познатиот водител.

– „Фокс њуз медиа“ и Такер Карлсон се договорија да се збогуваат. Благодариме за неговата служба како водител и пред тоа како соработник, наведоа кратко од телевизијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот