Фода пред дуелот со Македонците: Знам дека повеќе ќе ја имаме топката!

Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Утре со почеток од 18.00 часот македонската А репрезентација на стадионот во Букурешт ќе го игра првиот натпревар на Европското првенство, а прв ривал е Австрија во рамките од групата „Ц“.

Австријците двапати беа подобри од нас во квалификациите, веруваат дека и овојпат можеби ќе ја имаат фаворитската улога, но свесни дека пред себе нема да имаат лесна задача.

– Атмосферата во репрезентацијата е многу добра, возбудени сме. Моравме да чекаме една година за ова поради пандемијата. Нашата цел утре е јасна, сакаме да победиме и го стартуваме ЕП со добро чувство и искуство.

Ги знаеме силите на македонската репрезентација, тие се добри во транзиција, од прекин. Мора да бидеме внимателни, не смееме лесно да ја губиме топката. Знаеме дека ќе имаме поголем посед на топката и веројатно бидеме повеќе на противничката половина, затоа мораме брзо да ја движиме топката и да ги спречиме нивните контри.

Не чувствуваме никаков притисок, напротив, им реков на сите, на играчите, тренерите и стручниот штаб дека утре можеме да направиме историја. Тоа е нашата цел, да победиме на првиот меч на Евро 2020 и потоа ќе видиме како нештата ќе се движат. Групата е многу балансирана, сè е можно. Особено на Европско првенство,  сè може да се случи. Нашата желба е да се најдеме во нокаут-фазата – се зборовите на австрискиот селектор, Франко Фода, на uefa.com

ВИДЕО: Обилните дождови во Букурешт создадоа проблем пред мечот Македонија-Австрија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот