фото: partizan.rs

ФК Партизан: Ги подмиривме долговите, клубот не е суспендиран

Српскиот фудбалски клуб Партизан денеска објави дека целосно ги подмири долговите кон агентот на еден од своите поранешни играчи и дека потврдата за плаќање е проследена до надлежните дисциплински органи.

Во соопштението не се дадени никакви детали, а некои медиуми објавија дека белградскиот клуб е суспендиран, или му е забрането да регистрира нови играчи, поради барање од 50.000 евра од агентот на Хамиду Траоре.

– Вистина е дека во среда добивме потврда од УЕФА дека сме добиле на суд од агентот на Хамиду Траоре, во спор од пред три години. Тоа е долг од 50.000 евра за агентот, веројатно за провизија. Тој го пријавил тоа во УЕФА, ние ги плативме тие пари истиот ден, кога стигна пресудата – изјави претседателот на Партизан, Расим Љајиќ, за новинарот на „Моцарт Спорт“, кој е на подготовките на „црно-белите“ во Златибор.

Клубот потсети на наследената ситуација со натрупани долгови и проблеми и изјави дека секојдневно работи со правниот тим за решавање на преостанатите случаи и обврски од претходните периоди.

– Ги плативме тие пари истиот ден, нема никакви проблеми, нема забрани. Суштината е дека Партизан не е под суспензија – додаде Љајиќ.

Партизан изјави дека останува посветен на принципите на транспарентно и уредно работење и соработка со надлежните институции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот