ФК Кожуф: Виновниците нека бидат најстрого казнети доколку истрагата утврди нерегуларности
Башкими запиша триумф на гостински терен против Кожуф со 2:1 во Втората македонска фудбалска лига, но овој меч предизвика бурни реакции поради победничкиот гол кој го постигна кумановскиот тим во самата завршница.
Препорачано
Во самиот финиш од натпреварот, во судиското надополнување, домашните играчи делуваа целосно незаинтересирано, додека фудбалерите на Башкими ја искористија ситуацијата и по неколку обиди го постигнаа победничкиот погодок.
Веднаш потоа се огласија од Фудбалската федерација на Македонија соопштувајќи дека она што се виде на овој меч е срамно и неприфатливо.
Фудбалскиот клуб Кожуф денеска излезе со соопштение за јавноста:
– Во рамките на 28-коло од ВМФЛ НА градскиот стадион во Гевгелија се одигра натпреварот помеѓу Фк Кожуф и Фк Башкими кој заврши со резултат 1:2. По завршувањето на натпреварот во јавноста имаше силни реакции во однос на залагањето на дел од играчите од нашиот тим. Во овој момент ги отфрламе обвинувањата кон Фк Кожуф и играчите. Доколку истрагата од надлежните органи утврди нерегуларности на овој натпревар виновниците нека бидат најстрого казнети! Со почит Фк Кожуф – се вели во соопштението на клубот.
ВИДЕО | Башкими постигна скандалозен гол во ВМФЛ: Фудбалерите на Кожуф како да не сакаа да играат!
ФФМ брзо реагираше за скандалот во Гевгелија: Згрозени сме, овој срам нема да помине неказнет!


