фото: Фудбалски клуб Брегалница

ФК Брегалница го презентираше турскиот инвенститор Мурат Шамил Шен

На денешната прес-конференција на фудбалскиот клуб Брегалница од Штип беше презентиран новиот инвеститор Мурат Шамил Шен од Р. Турција.

Збор пред медиумите имаше градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, кој го претстави новиот сопственик.

Покрај претставувањето на новиот сопственик, беа презентирани амбициите и плановите на клубот.

Во деновите што следат, ќе биде претставен и новиот стручен штаб и ново ангажираните фудбалери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот