Фирмино, Нејмар, Кутињо, и на крајот само 1:1! (ВИДЕО)

twitter.com/globoesportecom

„Кариоките“ поведоа после само неколку минути игра, во осмата минута Габриел Жезус добро го пронајде Роберто Фирмино по десната страна кој изби сам пред голманот на Сенегал, а со рутинска завршница го доведе Бразил во предност од 1:0.

До крајот на првото полувреме немаше посериозни шанси, иако во 40 минута можеше да има пенал за африканската репрезентација, откако еден од членовите на јужноамериканската селекција играше со рака во казнетиот простор.

Но, затоа добија пенал во 45 минута кога Маркињос го фаулираше Садио Мане, а сигурен од белата точка беше играчот на Бристол сити, Фамара Џеџу.

Во второто полувреме немаше многу возбудувања, а двете репрезентации направија неколку замени, па така мечот не го завршија Фирмино, Кутињо и Алекс Сандро.

Кај Сенегал излезе играчот на Кристал палас, Ибрахима Кујате, фудбалерот на ПСЖ, Идриса Гај, а сите 90 минути ги одигра асот на Ливерпул, Садио Мане.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот