Фирмињо го израдува Бразил, еврогол на Видал (ВИДЕО)

epa08819211 Brasil's Roberto Firmino (R) celebrates with teammates a goal, during the Qatar 2022 World Cup Qualifiers soccer match between Brazil and Venezuela, at the Morumbi Stadium, in Sao Paulo, Brazil, 13 November 2020. EPA-EFE/Fernando Bizerra Jr POOL

Фудбалерите на Бразил ја остварија третата победа во квалификациите за СП 2022 година откако во третото коло со минимални 1:0 ја совладаа Венецуела.

Голот на одлука го постигна Роберто Фирмињо во 66. минута. Очекувано, на тгеренот доминираа „кариоките“, имаа поголем посед на топката (74%-26%), а шутнаа и 11 пати кон голот на противникот.

Бразилците уште во осмата минута постигнаа гол преку Ришарлисон, но голот беше поништен поради офсајд. Во 43. минута уште еден поништен гол на Бразил, овој пат на Даглас Лима поради прекршок. Сепак, Бразил во 66. минута преку Фирмињо постигна гол вреден три бода.


Репрезентацијата на Чиле ја оствари првата победа во квалификациите за СП откако на во Сантијаго со 2:0 го совладаа Перу. Јунак на натпреварот беше Артуро Видал кој ги постигна двата гола, а посебно прекрасен беше првиот гол. Фудбалерот на Интер во 20. минута ја прими топката на околу 30-тина метри од голот, повлече на десно и потоа упати проектил во горниот лев агол. Конечниот резултат го постигна во 34. минута.

Во јужноамериканските квалификации за пласман на СП 2022 година, дербито се одигра во Баранкиља каде Уругвај како гостин со 3:0 ја совлада Колумбија. Единсон Кавани со гол се врати во уругвајската репрезентација, Луис Суарез од пенал зголеми на 0:2, додека Нуњез го постави конечниот резултат.


По три кола во јужноамериканските квалификации Бразил е лидер со максимални девет бода, Аргентина е втора со седум, а по шест бода имаат Еквадор и Уругвај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот