Финска забрани влез за невакцинирани во земјата, не признава ни негативен тест

Ковид-19 состојба во Финска/ Фото: EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Странските патници кои не биле вакцинирани против ковид-19, дури и со негативен тест, од денеска веќе нема да можат да влезат во Финска, објави владата, презентирајќи мерки за борба против варијантата омикрон.

Влезот во земјава ќе биде достапен само за странските патници кои ќе покажат дека се целосно вакцинирани или дека се опоравиле од инфекцијата, соопшти Министерството за внатрешни работи по седницата на Владата.

Исклучоците за деца под 16 години

Портпаролот на граничната служба потврди за АФП дека невакцинираните странци ќе бидат одбиени, а само оние помлади од 16 години или оние кои се на листата на исклучоци ќе им биде овозможено да влезат во земјата.

„Без разлика на потеклото на странскиот државјанин, секој мора да покаже потврда за вакцинација и негативен тест кој не е постар од 48 часа“, изјави Томи Кивенџури, претставник на финската гранична стража.

Повеќе исклучоци

Мерката, која стапи во сила во 14 часот, важи и за граѓаните на Европската унија, а се однесува на лицата родени пред 2006 година.

Исклучок се здравствениот и транспортниот персонал, сериозните семејни причини или луѓето на кои им е потребна хуманитарна помош, како и некои жители на пограничните области на Шведска и Норвешка.

Финска минатата недела објави дека ќе бара негативен тест од сите патници, и граѓани на ЕУ и вакцинирани патници, од 28 декември, со цел да се запре порастот на случаите на ковид-19 поврзани со варијантата омикрон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот