Финска/ Фото EPA/MAURITZ ANTIN

Финска ќе одлучи дали ќе се приклучи на НАТО „во наредните неколку недели“

Финска ќе одлучи дали ќе се приклучи на НАТО во наредните неколку недели, како безбедносен одговор на руската инвазија врз Украина, а одлуката е можна „во текот на оваа пролет“, пишува Фајненшл Тајмс.

Земјата може да се приклучи на трансатлантскиот воен сојуз и покрај предупредувањата за одмазда и „воените и политичките последици“ од Кремљ.

Премиерката Сана Марин изјави: „Дали ќе влеземе во НАТО или не, секако ќе се соочиме со последици“.

Фото: Профимедиа

Финска дели 1.340 километри долга граница со Русија, најдолгата граница од која било друга членка на Европската унија.

Оваа земја остана воено неутрална, поради страв да не ја испровоцира Москва.

Зошто Путин се соочува со поголемо НАТО влијание на Арктикот по инвазијата во Украина?

Што мисли Москва на ваквиот потег на Финска?

Минатиот месец руските политичари предупредија на „сериозни воени и политички последици“ доколку Финска и Шведска се приклучат на алијансата.

Руското МНР во соопштението минатиот месец објави дека приклучувањето на Финска и Шведска во НАТО, „ќе има сериозни воени и политички последици кои ќе бараат употреба за ревидирање на целиот опсег на односите со овие земји и да преземат одмазднички мерки“.

Поддршката на Финците за пристапување во НАТО се зголеми на рекордни бројки во текот на изминатиот месец, при што најновата анкета на јавниот радиодифузен сервис Јле покажа дека 62% од испитаниците се за, а само 16% против.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот