Марија Захарова/ Фото: ЕПА

Русија им се закани на Шведска и Финска

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова штотуку им се закани на Финска и Шведска. Во соопштението објавено од руското Министерство за надворешни работи на Твитер, таа рече дека приемот на Финска и Шведска во НАТО ќе има многу сериозни воени и политички последици.

– Сметаме дека посветеноста на финската влада на воената политика на неврзаните е важен фактор за обезбедување безбедност и стабилност во северна Европа. Приклучувањето на Финска и Шведска во НАТО би имало сериозни воени и политички последици – рече Захарова во своето обраќање.

Руската закана доаѓа откако шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска објави дека ги поканил Финска и Шведска, кои не се членки на воената алијанса, на вонреден виртуелен самит на кој ќе се разговара за руската инвазија на Украина.

ВО ЖИВО | Втор ден од руските напади врз Украина, вести од минута во минута

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот