Лаури Марканен/фото: EPA/KIMIMASA MAYAMA

Финците го соопштија списокот за Евробаскет 2025 – не е само Марканен опасност

Остануваат само четири дена до почетокот на Европското првенство во кошарка и сите репрезентации полека го комплетираат списокот на играчи кои ќе ги претставуваат на настанот на кој ќе настапат најдобрите репрезентации на Стариот континент.

Тоа го направи и селекторот на Финска, Ласи Туови, секако прва ѕвезда во тимот е членот на НБА тимот Јута џез, Лаури Марканен (28).

Покрај него, во ростерот на Финска се и: Миро Литл, Сасу Салин, Оливие Нкамхуа, Микаел Јантунен, Елијас Валтонен, Александар Мадсен, Едон Мајуни, Мика Муринен, Андре Густавсон и Јакоб Грандисон.

Марканен е убедливо најдобриот играч во тимот, но другите не треба да се потценуваат. Јантунен блескаше во Париз минатата сезона, што му донесе договор со европскиот шампион Фенербахче.

Тука е и капитенот и одличен шутер Салин, кој моментно игра за шпанскиот клуб Естудијантес.

Покрај Финска, во групата Б се и Германија, Литванија, Шведска, Црна Гора и Велика Британија. Во првото коло, на 27 август, Финците ќе се соочат со Швеѓаните (19.30 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот