Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Финансиската полиција „нишани“ три болници: Со баснословни 115 илјади евра купувале софтвер

Две болници од Скопје и една од внатрешноста заработија пријави од финансиската полиција, затоа што набавиле прескап софтвер за сметководство, за кој постојат сомнежи и индиции дека е платен над реалната цена, дознава „Слободен печат“ од свои добро упатени извори. Секоја од овие јавно-здравствени установи, софтверот, односно информацискиот систем го плаќала со баснословни суми, поточно секоја болница од државните пари искеширала 115 илјади евра.

Една од овие скопски болници, според нашите извори, добила две негативни мислења за набавката од Фондот за здравствено осигурување, но сепак раководителот продолжил со набавката. Оваа конкретна набавка со две негативни мислења од ФЗОМ се случила лани, а другите две болници софтверот го купиле претходно. Следствено, инволвирана е финансиската полиција. Истата болница купила и автомобил без одобрение на Фондот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот