Финансиска поддршка од ФИТР за технолошки развој на 69 компании

Државата ќе ја помогне реализацијата на инвестициите во компаниите со 4 милиони и 200 илјади евра, а компаниите ќе учествуваат со речиси 10 милиони евра.

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) ќе им додели средства на 69 компании преку кофинансирани грантови за технолошки развој, а средствата ќе бидат наменети за набавка на опрема, дигитализација, софтвер за подобрување на организацијата и за реализација на проекти за енергетска ефикасност.

Државата ќе ја помогне реализацијата на инвестициите во компаниите со 4 милиони и 200 илјади евра, а компаниите ќе учествуваат со речиси 10 милиони евра.

– Со денешното објавување на резултатите, поттикнуваме инвестициски циклус во приватниот сектор на македонската економија од 14 милиони евра што е исклучително важно во период на економско заздравување, оцени директорот на ФИТР Јован Деспотовски.

Проектите треба да се реализираат во следните 12 месеци, а според структурата главно доминираат малите и микро компании.

Меѓу избраните најмногу доминираат проектите од областа на здравството и медицината, по што следуваат оние од трговијата и градежништвото.

Компаниите кои не се избрани ќе имаат можност да се произнесат пред Комитетот за одобрување на инвестиции и доколку изнесат соодветни аргументи, нивниот проект повторно може да биде разгледан со можност да биде прифатен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот