Финалистите на „Гранд“ Александар Јосифовски и Белма Хусеинефендиќ ќе пеат во дует на „Охрид фест“

Фото: Промо

Финалистите на „Гранд“ Александар Јосифовски и Белма Хусеинефендиќ ги здружија силите.
Нивните таленти, енергии и музиката што ја имаат во вените, ќе се спојат во дует, а истиот ќе има премиера на 29-тото издание на „Охрид фест“, на Интернационалната вечер на 3 септември.

Песната што ќе ја изведат е насловена „Глупаво е да си сам“ а ја потпишуваат Горан Шарац – музика, Огнен Неделковски – текст и Александар Валенчиќ – аранжман.

„Со Белма се знаеме од предминатата сезона – вели Александар – и некако веднаш се споивме со тие наши енергии. Оттогаш сакаме да направивме нешто заедно, секоја средба кулминираше со муабет за дует, кој еве ќе се случи на „Охрид фест“. Штом Горан Шарац ми ја пушти песната, си реков – тоа е тоа! Му благодарам што се сети на нас, што еве музички ја спојуваме Македонија и Босна и со здружени сили очекуваме добар фидбек од публиката. Инаку, кога ѝ се јавив на Белма со веста дека ќе правиме дует, таа веднаш се согласи, а дури отпосле ја слушна песната. И така тргна: снимањето беше на две страни – таа во Босна, јас – тука, бевме воодушевени кога ја слушнавме и, да: едвај чекаме да настапиме.“
Спотот ќе се снима во септември и како што не информира Александар, ќе биде и убав и откачен, и ќе ја има нивната енергија. „Глупаво е да си сам“ ќе се снима и за „Гранд продукција“, во српска верзија, но најважно од се` е што премиерата на песната, за која отсега многу се зборува е на „Охрид фест“.

*Комерцијална објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот