Финале за Вардар на турнирот во Требиње – Слободен печат
РакометСпорт

Финале за Вардар на турнирот во Требиње

Со двете победи за еден ден, против Борац Бања Лука, 34:30 и Леотар 38:18, Вардарци се пласираа во финалето и ќе играат за трофејот во Босна и Херцеговина.

„Црвено-црните” се фаворити на овој турнир, иако истиот се одржува додека европскиот шампион се наоѓа истовремено на подготовки.

Покрај на физичката кондиција и на воигрувањето сега се посветува внимание и на играта, и на што побрзо вклопување на новите играчи.

Домашниот тим на Леотар немаше шанса против Вардар. Сè беше решено уште во првото полувреме кога вардарци поведоа со 17:8.

Во однос на првиот меч против Борац сега во состав го немаше Жозе Толедо, а првпат играше Калифа Гедбан.

Тимур Дибиров повторно со „деветка” го заврши натпреварот и се наметна како најдобар стрелец. Во финалето „црвено-црните“ ќе игра против најдобриот од другата група Противник ќе им биде најдобриот од другата група, Изола, Металопластика или Извиѓач.

Вардар – Леотар 38:18 (17:8)

ВАРДАР: Кукуловски 2, Димитриоски 2, Гашовски 1, Криштопанс 2, Сикошек Пелко 2, Дисингер 3, Атман 4, Скубе 2, Чупиќ 5, Калифа, Дибиров 9, Горбок, Шишкарев 3, Горпишин 3, Кугис, Гогов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close