Европскиот шампион Вардар започна со триумф, Дибиров со „деветка“

vardarfans.mk

„Црвено-црните“ уште по првиот дел на мечот во Босна и Херцеговина имаа шест голови предност против Борац, а во вториот дел шанса добија и останатите ракометари, бидејќи Вардарци вечерва ги очекува уште еден дуел на овој турнир против домаќинот.

Сите новајлии се запишаа во листата на стрелците, без новиот голман Кугис и Димитриоски.

ВАРДАР: Кукуловски 1, Криштопанс 2, Пелко 4, Дисингер 2, Атман 3, Скубе 3, Чупиќ 1, Толедо 1, Дибиров 9, Горбок 2, Шишкарев 3, Горпишин 3.

Вардар вечерва (21.00 часот) го игра и вториот меч против домаќинот Леотар.

Вардар на крајот од месецов ќе патува за Саудиска Арабија каде ќе настапува на Супер Глоуб. На почетокот на септември почнуваат натпреварите од СЕХА Газпром лигата, а на средината на септември и ЕХФ Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот