Сцена од филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума

Филмот „Сестри“ имаше проекција во рамки на циклусот „Гледаме македонски филм. На големо платно“

На првата од петте јунски проекции во „Синеплекс“, во рамки на циклусот „Гледаме македонски филм. На големо платно“, публиката на 1 јуни имаше можност да проследи разговор со авторскиот тим на филмот „Сестри“ – режисерката Дина Дума, продуцентката Марија Димитрова и актерката Антонија Белазелкоска.

Во разговорот беа отворени теми поврзани со создавањето на филмот и неговата актуелност, особено во третманот на прашања што ги засегаат младите денес – булингот, влијанието и злоупотребата на социјалните мрежи, како и првите љубовни и сексуални искуства.

Дина Дума истакна дека приказната е инспирирана од настан што го доживеала во средношколските денови и дека при развојот на сценариото посебно внимание било посветено на автентичноста на ликовите и нивниот јазик. Според неа, реакциите на публиката на бројните меѓународни фестивали потврдиле дека темите на филмот се универзални и препознатливи за младите ширум светот.

Антонија Белазелкоска се осврна на своето актерско искуство во филмот, нагласувајќи дека позитивните реакции од нејзината генерација дополнително ја мотивирале да го продолжи своето образование во областа на филмот.

Марија Димитрова зборуваше за долгогодишната соработка со Дина Дума и за креативниот процес на снимање, истакнувајќи дека дел од сцените се реализирани на помалку познати, но визуелно впечатливи локации во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот