„Домаќинство за почетници“ на Столевски ја доби главната награда на филмскиот фестивал во Тромсо

Сцена од филмот „Домаќинство за почетници“

Филмот „Домаќинство за почетници“ на режисерот Горан Столевски ја освои главната награда „Аурора“ на Меѓународниот филмски фестивал во норвешкиот град Тромсо, што се одржа од 15 до 21 јануари.

На Столевски му беше доделена и награда од 5.000 евра.

„Домаќинство за почетници“ е третиот долгометражен филм на македонско-австралискиот автор Горан Столевски. Својата светска премиера ја имаше на 6 септември на 80. издание на Филмскиот фестивал во Венеција, каде ја доби наградата Квир лион.

Во Македонија првпат беше прикажан на отворањето на 44. издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Главните улоги во филмот ги толкуваат: Анамариа Маринка и Алина Сербан од Романија, Владимир Тинтор од Хрватска, Самсон Селим, Миа Мустафа и Џада Селим од Македонија. Во споредни улоги се македонските актерки Сара Климоска и Ајше Усеини и Розафа Челај од Косово.

„Домаќинство за почетници“ беше годинешниот македонски кандидат за Оскар за наградата за најдобар долгометражен интернационален филм.

Филмот на Горан Столевски ја воодушеви публиката во Венеција: Стоечки овации за „Домаќинство за почетници“

„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски влезе во селекција за Европските филмски награди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот