Филипините негираат дека постојат кампови за обука на џихадисти во земјата
Државата Филипини негира дека во земјата постојат какви било кампови за обука на џихадисти, по извештаите дека извршителите на смртоносниот напад на плажата Бонди во Сиднеј се обучувале во еден од нив во ноември, пренесува Еј-би-ес – Си-би-ен њуз.
Препорачано
Претседателот Фердинанд Маркос „категорично го отфрла (…) погрешниот опис на Филипини како центар за обука на Исламската држава“, изјави неговата портпаролка Клер Кастро за новинарите.
„Не се обезбедени докази дека земјата се користи за обука за тероризам“, додаде таа, повикувајќи се на соопштение од Советот за национална безбедност.
Република Филипини вчера призна дека Саџид Акрам и неговиот син, Навид, кои убија 15 лица кои присуствуваа на еврејски празник на плажата Бонди во неделата, престојувале во земјата од 1 до 28 ноември.
Филипинското биро за имиграција разјасни дека тие отишле во регионот Давао (Југоисточни Филипини), на островот Минданао, област која делумно е надвор од контрола на Манила и е осомничена дека е домаќин на кампови на организацијата Исламска држава.
ФОТО | Вознемирувачки сцени во Сиднеј – се слушаат пукотници, луѓето панично бегаат


