Филипче за несреќата во Романовце: Четири лица се во животна опасност

Меѓу повредените има и бремена жена и уште едно дете.

Седуммина повредени во несреќата при експлозијата на плинска боца во селото Романовце, во која загинаа три лица, денеска се донесени на Клиниките во Скопје.

Истите денеска ги посети министерот за здравство, Венко Филипче,. кој по завршената посета даде изјава за медиумите во која ја објасни состојбата во која се наоѓаат повредените.

– Двајца мажи на околу 60 годишна возраст се на Клиниката за пластична хирургија, а две жени на 40 и 45 годишна возраст се на одделот за интензивна нега на Клиниката за анестезија и реанимација, рече министерот.

– Од тројцата пациенти во старата Градска болница, една жена на 40 годишна возраст е во одделот за интензивна нега, има и помлада жена од дваесетина години која е бремена, како и едно дете кое што има мал процент на изгореници, додава Филипче.

Прочитајте и...  Бројот на смртни случаи во Франција е зголемен за девет отсто

Од вкупно седумте пациенти, четворица се во навистина тешка состојба, со висок степен на изгорениците и се наоѓаат во животна опасност.

Министерот потврди дека на лице место животот го загубиле три деца, а според претходните информации станува збор за деца родени во 2009, 2011 и 2012 година.

Експлозијата настанала во 10 часот во куќата на Ш.А во село Романовце, соопшти СВР Куманово. Од експлозијата на плинската боца настанал пожар во кој три лица починале на лице место.

Од противпожарната единица потврдија дека интеренирале за гаснење на пожар во куќа во Романовце. Кај нив пожарот бил пријавен во 10:10 часот, по што пожарникарите го гаснеле до 11.10 часот.

Прочитај повеќе

Градоначалникот на Њујорк до федералната Влада: Недела е денот Д, испраќајте помош

Лука (19) починал од коронавирус, лекарот во Лондон му рекол да не се грижи: „Имаш само засилен грип“

Слободен печат

Филипче: Почината пациентка од Струга немала коронавирус, но сепак е назначен нов директор

Слободен печат

Бројот на жртвите од Ковид-19 во Грција се зголеми на 43 лица

МИА Агенција

Австралија тестира БСЖ вакцина против коронавирусот

МИА Агенција

Германија планира апликација за следење зараза од Ковид-19

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Македонија влезе во најмоќниот сојуз на светот

Слободен печат

ВО ЖИВО: Министерот за здравство, Венко Филипче ќе информира за состојбата со коронавирусот

Слободен печат

Јужна Кореја постигна стапка од 50 отсто излекувани пациенти од коронавирус

Слободен печат

Во њујоршки Централ парк ќе никне монтажна болница за болени од коронавирус

МИА Агенција

Салата во која требаше да се одржи Евросонг станува болница

МИА Агенција

Заев: Ова е реализација на деценискиот стремеж на генерации наши граѓани

Слободен печат