• романовце

На патарината Романовце засилени полициски патроли

Засилени полициски патроли утринава има на патарината Романовце на автопатот Куманово-Скопје, јави известувачот на МИА од терен. Од МВР за МИА соопштија дека работат согласно оперативниот план по повод чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Состојбата на терен е мирна. Изминатите денови на социјалните мрежи имаше повик до граѓаните да ја блокираат патарината.