Товарен воз се излизга кај Романовце, нема повредени

фото: МИА

Несреќата се случила во 9.20 часот кога товарниот воз кој сообраќал од Трубарево кон Куманово и превезувал толчаник (камен) за потребите на ЈП за Железничка инфраструктура се излизгал и се случила хаварија на 14 вагони од вкупно 20 вагони.

Товарен воз се излизга на пругата во село Романовце, Кумановско нема повредени лица, соопштија денеска од ЈП за Железничка инфраструктура, Железници на Македонија- Скопје.

Несреќата се случила во 9.20 часот кога товарниот воз кој сообраќал од Трубарево кон Куманово и превезувал толчаник (камен) за потребите на ЈП за Железничка инфраструктура се излизгал и се случила хаварија на 14 вагони од вкупно 20 вагони. Од претпријатието соопштија дека оштетена е и пругата и ќе има застој на коридорот 10.

-Комисијата за вонредни настани која е составена од стручни лица вработени во АД МЖ Транспорт и ЈП МЖ Инфраструктура е излезена на местото за да направи увид и ги открие причините за несреќата, соопштија надлежните.

Од Јавното претпријатие велат дека првин ќе се расчисти пругата од излизганите вагони, по што стручни екипи ќе извршат санација на оштетениот дел.

-Ќе се работи со засилен интензитет за да може што е можно побргу, повторно да се воспостави сообраќајот на Коридорот 10, кој е од најголемо значење за железничкиот сообраќај во државата,наведуваат претпријатието.

Од СВР Куманово велат дека кај нив настанот е пријавен и дека нивна екипа врши увид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот