Пожар пеплоса поранешна млекарница во кумановско Романовце, изгоре погон со машини

Фото: илустрација / JAVIER TORRES / AFP / Profimedia

Во пожар целосно изгоре млекарница во кумановското село Романовце, соопштија денеска од Територијалната противпожарна единица. Во пожарот нема повредени лица, причинета е значителна материјална штета.

Пожарот бил пријавен вчера во 18:50 часот и го гаселе осуммина пожарникари со три противпожарни возила сè до 21:50 часот. Изгорел голем објект со машини.

Опожарената фабрика, иако не функционира од пандемијата, била осигурена.

– Кога дојдовме скоро сè беше уништено, пожарникарите веќе беа овде, потоа дојде и полиција и до 22 часот бевме тука сè додека пожарот беше под контрола. Речиси се е уништено. Млекарата не беше во функција од пандемијата, но планиравме повторно да се активира. Претходно беше во целосна функција со голем капацитет на производство со комплет машини, лабораторија, сето тоа е веќе уништено, изјави Реџаил Мустафи, еден од сопствениците.

Од полиција потврдија дека се случил пожар во млекарница и дека нивна екипа извршила увид. Кумановската полиција работи на целосно расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот