Филипче за британскиот сој на вирус: Има полесна форма, но побрзо се шири

Министерот за здравство Венко Филипче, во врска со детектираниот британски сој на вирусот во нашата земја, во вестите за ТВ Канал 5 истакна дека ова беше очекувано и практично беше невозможно да се избегне, со оглед дека е веќе присутен во повеќе земји во Европа и во регионот.

– Карактеристика на овој тип на РНК вируси е многу брзо да се адаптираат. Впрочем тоа што и досега имаме 20 веќе изолирани соја со различна фрекфенција ни укажува на тоа кога има некаква пречка во трансмисијата, а пречка се нашите превентивни мерки, тогаш вирусот се адаптира. И тоа се случува насекаде во светот. Разговарав со претставници на лабораторијата, типично како што се опишани во литературата сите промени во т.н британски вирус, така е идентификуван во конкретниот случај. Пред 10-тина дена е направена дијагнозата, а сега е направено секвенционирање на геномот кој укажал дека ја има таа мутација, изјави Филипче и нагласи дека оваа мутација на вирусот не можела да се избегне и веројатно ќе се случи во сите земји во светот.
Филипче посочи дека, според публикациите во Велика Британија, оваа мутација на вирусот има побрза трансмисија за 70 отсто, но истакна дека нема простор за паника.
– Нема простор за паника, остануваме внимателни. Ние и сега имаме превентивни мерки кои очигледно дадоа резултат. Точно е дека оваа мутација на вирусот има побрза трансмисија за 70 отсто, според публикациите во Велика Британија. Исто така, тоа што е познато од литературата е дека типот, формата на болеста е полесна од онаа што беше претходно. Но, превентивните мерки мора да се почитуваат. Очигледно е дека носењето на маски, држењето на дистанца станува навистина клучно, посебно со оваа форма на мутација на вирусот. Будно ја следиме епидемиолошката ситуација. Засега нема да препорачаме друг тип или дополнителни превентивни мерки, но следиме каква ќе биде состојбата, изјави Филипче и потенцира дека во случај на ескалација на ситуацијата, здравствениот систем е спремен и поставен, а во било кој момент испразнетите одделенија може повторно да станат ковид-центри.

– Штом е детектирана на едно место, мутацијата веројатно дека ја има и на други места. Мутацијата не мора да е секогаш увезена од некои од земјите. Многу често мутација се случува и во секоја една од земјите. Самиот вирус има тенденција да мутира заради тоа што го бара патот за трансмисија, а се соочува со можеби во некоја мини средина и со некаква форма на имунитет. Во таа смисла, не е чудо мутацијата да е од едно одредено подрачје. Не мора да имал човекот контакт или да патувал за да се случи мутација на вирусот. Впрочем, веќе констатираните мутации кај нас 20-тина соја кои се детектирани воопшто не се увезенби, туку се практично мутации кои потекнуваат од тука и се наши автентични, појасни Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот