Венко Филипче Фото: СДСМ

Филипче: Владата доцни со обврските кон приватниот сектор, ќе нема пари за редовни плати и пензии

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, на средба со членовите на партијата во Струмица оцени дека економската состојба во државата е сериозно влошена и дека постојат значајни проблеми во јавните финансии кои веќе се одразуваат врз работењето на компаниите.

Филипче наведе дека буџетскиот дефицит се продлабочува, додека државата продолжува да се задолжува.

„Ја следиме ситуацијата со финансиите. Владата бара заеми. Последниот е околу 300 милиони евра. Дупката во Буџетот е некаде околу две милијарди евра. Една милијарда евра беше обезбедена преку еврообврзница, но тоа не е доволно“, рече Филипче.

Тој додаде дека власта доцни со подмирување на обврските кон приватниот сектор, што, според него, создава дополнителни проблеми за компаниите.

„Се доцни со исплатата кон економските субјекти, некаде околу 500 до 600 милиони евра. Околу 100 милиони евра е долгот по основ на повратот на ДДВ за компаниите. Има компании кои затвораат бидејќи не можат да издржат, земаат кредити. Луѓето живееле од повратот на ДДВ, а сега земаат кредити, заглавуваат и ги затвораат компаниите“, истакна Филипче.

Според него, ваквата состојба може да ја доведе во прашање и редовната исплата на платите и пензиите.

„Под сериозен знак прашање е редовната исплата на платите и пензиите. Кога наесен ќе се наталожат последиците од енергетската криза, случувањата на Блискиот Исток, финансиската криза, долговите и дупките во Буџетот и во Фондот за пензиско осигурување, економската состојба во земјава ќе биде блиску до катастрофа“, рече Филипче.

СДСМ го откажа традиционалниот марш за 8 Март, ќе се приклучи на протестот „Нема да не снема“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот