Филипче се сретна со најдобрите студенти: Верувам дека ќе бидете дел од квалитетниот здравствен систем што го градиме

Верувам дека и овие млади луѓе ќе бидат дел од квалитетниот здравствен систем што го градиме, и каде човечкиот капитал вистински се цени и се вреднува, истакнал на средбата министерот Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска имаше средба со најдобрите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од академската 2018/2019 година, коишто оствариле 10,00 просек.

Филипче, како што информираат од Министерството за здравство, им честитал на постигнатиот успех и им посакал градење кариера во нашата држава, каде значително се подобрени условите за вработување за младите и просперитетни лекари.

– Со новите мерки кои ги воведовме во изминатите две години, успеавме да ги привлечеме и да ги задржиме и најдобрите кадри на кои сме неизмерно горди, а со самото тоа отвораме опции за нови вработувања и за младите. Верувам дека и овие млади луѓе ќе бидат дел од квалитетниот здравствен систем што го градиме, и каде човечкиот капитал вистински се цени и се вреднува, истакнал на средбата министерот Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот