Венко Филипче
Венко Филипче / Фото: СДСМ

Филипче: Народот го праќаат на езера, а тие на море со владин авион

„Оваа влада народот го праќа на езера, за тие да летаат на море со владин авион, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче вели дека владата на ВМРО-ДПМНЕ „со погубните политики сè повеќе ја изолира државата, граѓаните од ден во ден живеат потешко, додека власта се луксузира“.

„Од Македонија прават слепо црево на Балканот и не изолираат секојдневно. На граница не може нормално да поминете. На лето ќе се чека меѓу осум и десет часови. На родителите со мали деца им велат – „Што ви треба море? Одете на езера и планини”, додека тие со државниот владин авион одат на море и живеат во луксуз. Затоа, мора да застанеме на патот на оваа криминална организација“, рече Филипче.

Тој додаде дека Владата на ВМРО ги уништува соништата на младите и достоинството на повозрасните генерации.

„Им ги зедоа соништата на младите луѓе кои само гледаат како да избегаат од тука. А на старите им ги земаа достоинствените години во пензија. На родителите им ја зедоа можноста за нормално воспитување и школување на децата. Народот да гладува, а тие да носат часовници од 60 илјади евра, да купуваат нов авион додека некој нема за леб. Банда обична. Собир на криминалци кои ве лажат“, рече Филипче.

На прес-конференцијата Филипче порача дека владата на ВМРО-ДПМНЕ „нема право да ја жртвува иднината на државата“, ,како и дека „Македонија и Европа се нашиот идентитет“.

„Јас ви ветувам, поради сето ова, тие ќе одговараат. Реформи, правда и Европа. Нема враќање назад. Сакаме во Европа. Сакаме успешна и богата Македонија, а не европска Венецуела. Сакаме светла иднина за нашите деца. Сакаме достоинствена Македонија и тоа да биде за сите граѓани на земјава. Европа е нашиот национален интерес. Македонија треба да биде во Европа. Македонија и Европа се нашиот идентитет”, рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот