Филипче: Ќе предложам заострување на мерките, можно набавување на лек за маларија ако има позитивен резултат на лекување
Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција информираше дека ќе предложи заострување на мерките.
Препорачано
-Јас сум свесен дека оваа ситуација го смени животот и дека луѓето се соочени со стравот, кој не треба да стане ирационален. Мора сите да сме свесни дека таа самоизолација е спасот и начинот да се стави крај на ширење на инфекцијата. Во оваа битка учествуваме сите, секој еден од нас мора да помогне да се надмине оваа кризна ситуација, светска здравствена криза.
Мерките се согласно препораките и степенот на ширење на вирусот. Имаме податоци дека мерките не се почитуваат, на денешната седница ќе предложам заострување на мерките, особено во делови на државата. Потоа ќе инфорирам за донесените одлуки, рече Филипче.
На новинарско прашање за третманот на лекување, Филипче изјави дека се следат светските анализи и дека доколку лекот за маларија има позитивен ефект ќе се набави.
-Терапијата на пацинетите се одредува со антибиотска терапија со оценување на ризикот од инфекција. Сега има информации за добри резултати од лекови кои се користат за маларија. Ние денес се обидовме со фармацевскиот факултет да правиме анализа, бидејќи има многу информации. Ако е така, ќе набавиме количина за нашите пациенти, рече Филипче.


