Фили Миркуловски со победа ја заврши репрезентативната кариера/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Филип Миркуловски доби нова улога во националниот тим, ќе ја води најмладата репрезентација

Еден од најистакнатите македонски ракометари на сите времиња, Филип Миркуловски, добива нова улога во националниот систем и ќе ја предводи новоформираната репрезентација за играчи до 13 години.

Популарниот Жути, кој веќе ја извршува функцијата спортски координатор на сите селекции, сега ќе работи директно со најмладите категории. Целта е рано препознавање и развој на талентите, кои подоцна ќе бидат подготвени за повисоките возрасни нивоа. Покрај оваа селекција, формиран е и национален тим до 15 години, а кормилото на оваа генерација му е доверено на Никола Матлиески.

Од Ракометната федерација на Македонија информираа и за награда за сениорите, машката репрезентација ќе добие премија од два милиони денари (32.500 евра) за настапот на Европското првенство 2026 во Данска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот