Фифти-Сент бара старателство над синот откако неговата поранешна девојка се најде на списокот „сексуални работнички“ на Пи Диди

Фото: EPA/Profimedia

Раперот Куртис Џејмс Џексон (48), познат како Фифти-Сент, ќе бара самостално старателство над синот што го има со Дафне Џој (37), откако таа беше именувана како наводна сексуална работничка во тужбата против раперот Шон Комбс (54), познат како Диди.

„Со оглед на најновите случувања и вести за вмешаноста на Дафне Џој во тужбата на Диди, Фифти-Сент ќе бара самостално старателство над неговиот син“, изјави извор близок до ситуацијата за „Ју-ес викли“.

Портпаролот на музичарот рече дека нема коментар за овие наводи.

Дафне Џој / Фото: PRPH / Backgrid USA / Profimedia

Да потсетиме, Дафне Џој беше во романтична врска со Фифти-Сент една година, од 2011 до 2012 година, кога добија син – 11-годишниот Сајр.

Откако беше објавено дека Џој е именувана во тужбата, Фифти-Сент сподели фотографија на која пуши пура.

„Не знаев дека си сексуална работничка. Мала сексуална работничка. Ова глупавост стана филм“, напиша музичарот.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Според судските документи до кои дојде „Пејџ сикс“, Џој е обвинета дека била вмешана како сексуална работничка во наводниот синџир на сексуална трговија на Диди.

Наводно, таа била една од трите жени за кои раперот се „фалел“ дека им плаќал „месечна стипендија“ за нивната сексуална работа.

Шокантни детали од тужбата: Поранешната девојка на Фифти-Сент била сексуална работничка на Диди?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот