Шокантни детали од тужбата: Поранешната девојка на Фифти-Сент била сексуална работничка на Диди?

Фото: Profimedia

Поранешната девојка на американскиот рапер Фифти-Сент, Дафне Џој, е именувана во една од тужбите против раперот Шон Комбс, познат и како Диди.

Продуцентот Родни Џонс, познат како Лил Род, во февруари го тужеше 54-годишниот Диди, тврдејќи дека музичкиот магнат сексуално го вознемирувал, дрогирал и му се заканувал повеќе од една година. Преку тужбата на Џонс, Диди е обвинет и за трговија со луѓе, а Џој е именувана како една од сексуалните работнички.

Според судските документи до кои дојде „Пејџ сикс“, 37-годишната Џој е наведена како сексуална работничка вклучена во синџирот на трговија со луѓе на раперот со цел сексуална експлоатација.

Дафне Џој / Фото: PRPH / Backgrid USA / Profimedia

Наводно, таа била една од трите жени на кои Комбс им се „фалел“ дека им исплаќал „месечен додаток“ за нивната сексуална работа. Џој не се огласи јавно за наводите и не одговори на прашањата на „Пејџ сикс“.

Да потсетиме, Дафне Џој беше во романтична врска со Фифти-Сент една година, од 2011 до 2012 година, кога добија син – 11-годишниот Сајр.

Инаку, познатиот рапер не штедеше зборови во врска со неколкуте тужби на Комбс, кои се насобраа во последните неколку месеци, често исмевајќи го на социјалните мрежи. Патем, Џонс го тужеше Комбс во февруари за наводно сексуално вознемирување додека соработуваа на неговиот последен албум, помеѓу септември 2022 и ноември 2023 година.

Диди / Фото: EPA

Џонс, исто така, тврдеше дека бил принуден да бара сексуални работници и да врши сексуални дејствија пред раперот, и рече дека верувал дека бил дрогиран и силуван за време на забава во февруари 2023 година.

Но, Џонс не е единствениот соработник на Комбс кој поднесе тужба против него во последните месеци.

Во ноември 2023 година, поранешната девојка на раперот, ар-ен-би пејачката Каси, поднесе тужба за сексуална злоупотреба. Ова беше решено надвор од судот по поднесената тужба.

Каси и Диди / Фото: Profimedia

Во декември, против Диди беше поднесена тужба од страна на лице идентификувано како „Џејн До“, која наводно била сексуално злоставувана и тргувана од раперот. Комбс одговори на обвинувањата во објава на социјалната мрежа Икс.

„Кога е доста – доста е. Во изминатите неколку недели седев во тишина и гледав како луѓето се обидуваат да го уништат мојот лик, да го уништат мојот углед и моето наследство. Поединци кои бараа брзи пари, ми упатија одвратни обвинувања. Дозволете ми да бидам сосема јасен: не сум направил ништо од горенаведените грозни работи. Ќе се борам за моето име, за моето семејство и за вистината“, гласи објавата на Икс.

Федералните агенти извршија рација во домовите на Комбс во Беверли Хилс и Мајами на 25 март оваа година, а „Асошиејтед прес“ објави дека претресите се неопходни кога се работи за наводи за сексуална трговија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот