ФИФА размислува за нова лудост: Мундијал со 64 репрезентации?
Додека и понатаму траат реакциите околу проширувањето на Светското првенство што следната година ќе се игра во САД, Канада и Мексико, од Јужна Америка стигнува уште порадикална идеја, Мундијалот во 2030 да се одржи со дури 64 репрезентации.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Главен промотор на оваа визија е потпретседателот на ФИФА и прв човек на КОНМЕБОЛ, Алехандро Домингез, кој верува дека јубилејната прослава на 100 години од првото Светско првенство во Уругвај заслужува исклучителен и единствен формат. Дополнителен аргумент му е и фактот дека турнирот првпат ќе го организираат шест земји на три континенти: Шпанија, Португалија, Мароко, Уругвај, Аргентина и Парагвај.
Домингез нагласува дека токму јубилејот е идеален момент за спектакл без преседан, кој, според него, би го обединил фудбалскиот свет и би донел нешто што досега не сме го виделе. Но, засега неговата идеја не добива поддршка ниту од раководството на ФИФА, ниту од останатите континентални федерации. Според неговиот предлог, по јубилејното издание, Мундијалот веќе во 2034 година би се вратил на актуелниот формат со 48 селекции.
Доколку оваа иницијатива воопшто стигне до официјална процедура, последниот збор ќе го има Советот на ФИФА, составен од 37 членови.
Преземено од: Спорт.ком.мк


