ФИФА одлучи: Бразил и Аргентина мора повторно да играат

Натпреварот помеѓу Бразил и Аргентина беше прекинат откако на теренот влетаа бразилските здравствени власти/ фото: EPA-EFE/Sebastiao Moreira

Светската фудбалска федерација (ФИФА) одлучи дека репрезентациите на Бразил и Аргентина мора да играат меѓу себе во рамки на квалификациите за СП во Катар.

Натпреварот кој се играше на 5 септември беше прекинат поради прекршување на корона протоколите.

Имено, во седмата минута од натпреварот кој се играше во Сао Пауло, на теренот влетаа претставници на бразилските здравствени власти  бидејќи четворица аргентински фудбалери ги прекршиле корона протоколите за карантин и ги фалсификувале пријавите.

Аргентинските репрезентативци Емилијано Буендија, Емилијано Мартинез, Џонани ло Селсо и Кристијан Ромеро, тврделе дека претходните 14 дена пред одигрување на натпреварот не биле во Обединетото Кралство кое тогаш било на црвената листа на бразилските власти, а настапуваат во премиерлигашки екипи.

ФИФА ги казни четворицата Аргентинци со два натпревари суспензија бидејќи не ги почитувале протоколите.

Казнета е и Фудбалската федерација на Бразил со 250.000 фунти поради неисполнување на обврските поврзани со безбедноста, подготовката како и поради прекинот на натпреварот. ФИФА не одреди нов термин на одигрување на натпреварот помеѓу двете репрезентации кои веќе го обезбедија учеството на Мундијалот во Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот