ФИФА ја исфрли Русија од баражот за СП во Катар

ФИФА одлучи Русија да не игра во баражот за СП 2022/ фото: EPA/STEFFEN SCHMIDT

Светската фудбалска федерација (ФИФА) вечерва потврди дека фудбалската репрезентација на Русија нема да учествува во бараж натпреварите за пласман на Светското првенство во Катар што ќе се игра во ноември и декември годинава.

Ова значи дека селекцијата на Полска, која во полуфиналето требаше да игра со Русија, ќе обезбеди директен пласман во финалето на бараж натпреварот од групата Б.
Противник на Полска во финалниот бараж натпревар ќе биде победникот од второто полуфинале во кое на 24. март ќе играат Чешка и Шведска. Финалето треба да се игра на 29. март.

ФИФА вечерва ја потврди и одлуката полуфиналниот бараж натпревар помеѓу Украина и Шкотска да се игра во јуни поради војната во Украина. Победникот од тој натпревар во финалето на групата А ќе игра со подобриот  од натпреварот Велс – Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот