ФИФА дава 16 милиони евра за фудбалерите без плата

твитер

Светската фудбалска федерација се договори Асоцијацијата на професионални фудбалери (ФИФПро), со кој одобри фонд од 16 милиони евра за помош на фудбалерите кои останале или во моментов не добиваат плата од клубовите.

Во 2019 година ФИФА го корегираше Дисциплинскиот кодекс и сериозно ги санкционира клубовите кои не исплаќаат плати на фудбалерите. Најголем дел од нив не добиваат лиценци за настап во европските купови, а таков беше случајот со најтрофејниот македонски клуб ФК Вардар.

– Интенцијата на ФИФА како водечко тело за грижа на фудбалот во светот е да биде посветена кон помошта за фудбалерите. Свесни сме за нашата улога и затоа склучивме договор со ФИФПро за формирање на фонд за помош на фудбалерите без плата – изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Повеќе од 50 клуба во 20 земји згаснале во последните пет години, а играчите кои играле останале без работа и без плати, па сега овој фонд е наменет за помош на сите што им е потребно. Најголем дел од клубовите за да избегнат високи плати, се реформираат со формирање на „нов клуб“, па ФИФА сега уште повеќе ги заострува дисциплинските мерки за таквите измамници во светскиот фудбал.

Според договорот на ФИФА и ФИФПро ќе се формира мониторинг комисија од претставници на двете организации кои ќе ги обработува, проценува и ќе ги доделува „грантовите“ на бесповратните средства за фудбалерите кои биле оштетени во изминатиот период.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот