Фидан: Турција се подготвува за деминирање на Ормускиот теснец
Турција би можела да учествува во операциите за расчистување на мини во Ормускиот теснец по евентуалниот мировен договор меѓу Иран и САД, изјави денес министерот за надворешни работи Хакан Фидан. Во изјава за новинарите во Лондон, Фидан рече дека се очекува да се формира технички тим за отстранување на мини од Ормутскиот теснец по евентуалниот договор меѓу Иран и САД.
Препорачано
Според него, Турција во принцип гледа позитивно на ваквите активности, како хуманитарна обврска, објави Ројтерс.
Фидан изјави дека операциите за деминирање ќе ги спроведува технички тим составен од претставници на неколку земји, кој би бил формиран по евентуалниот договор меѓу Иран и САД. Тој додаде дека Турција „нема да има проблем“ да учествува во такви операции под тие услови, но предупреди дека Анкара би можела да го преиспита својот став доколку идната техничка коалиција стане дел од евентуален нов конфликт.
Фидан, исто така, оцени дека прашањата поврзани со нуклеарната програма на Иран би можеле да се решат во следната рунда преговори во Пакистан, пренесува Политика.
Ацо Ристов ја презеде функцијата претседател на Регулаторната комисија за енергетика
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


