Фото: ФФМ

ФФМ со последно збогум за Рингов: Фудбалот за него не беше сцена, туку одговорност

Македонскиот фудбал се збогува со еден од своите најголеми ѕвезди – Васил Рингов. Легендарниот фудбалер, кој остави неизбришлива трага во Вардар и македонскиот спорт, денеска почина по кратко боледување на седумдесетгодишна возраст. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со емотивни зборови се прости од човекот кој остави неизбришлив белег во македонскиот фудбал.

„Денес не жалиме само за човек, туку за едно време на мерка, чест и достоинство.Има луѓе што не си заминуваат. Само се повлекуваат чекор наназад, за да нè гледаат од тишината.Васил Рингов беше од тие. Тивок, исправен, свој. Фудбалот за него не беше сцена, туку одговорност. Не зборуваше многу, ама кога зборуваше, имаше тежина. Кога работеше, оставаше белег.Денес останува споменот за човек кој веруваше дека делото е поважно од зборот, а чесноста посилна од секој резултат.Како што велат, некои си одат, ама остануваат во игра.Почивај во мир, драг наш Васе“, напишаа од ФФМ.

 

Омерагиќ се прости од Рингов: Тивко замина, ама засекогаш ќе бидеш во „играта”

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот